Collector
Од утре заладување, утринските температури под 0°C | Collector
Од утре заладување, утринските температури под 0°C
Kajgana

Од утре заладување, утринските температури под 0°C

Од утре заладување, утринските температури под 0°C Александра Спасеска 29.03.2026 / 12:55 Македонија Во текот на претстојната недела ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Како што информира УХМР, под влијание на циклонска активност од вторник ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во среда и четврток (локално над 20 l/m²), а на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Утринските температури некаде ќе се спуштат под нулата и ќе изнесуваат -4°C, а максималните дневни ќе достигнат 18°C. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 4 до 15°C. временска прогноза Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On

Go to News Site