Collector
Променливо време со температури до 18°C, од вторник дожд | Collector
Променливо време со температури до 18°C, од вторник дожд
Kajgana

Променливо време со температури до 18°C, од вторник дожд

Променливо време со температури до 18°C, од вторник дожд Александра Спасеска 30.03.2026 / 08:05 Македонија Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 18°C. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15°C. Времето во наредниот период Во текот на оваа седмица ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Под влијание на циклонска активност од вторник ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во среда и четврток (локално над 20 l/m²), а на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. временска прогноза Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On

Go to News Site