Kurir
Раководството на лидерот во македонскиот ракометен шампионат, РК Вардар, одлучи, влезот за дербито со ГРК Охрид да биде бесплатен. - На 2 април, во 18 часот, во големата сала на СЦ „Јане Сандански“, клубот го очекува натпревар кој може да биде клучен во трката за шампионската титула. На тој натпревар влезот е слободен за сите. Клубот упатува апел до сите кои го поддржуваат, дека ова е моментот кога тимот има потреба од секој глас, од секоја поддршка и од полни трибини. Вардар се бори за враќање на титулата во Скопје, а токму ваквите натпревари се оние што ја прават разликата. Затоа ги повикуваме сите, да ја наполниме салата, да создадеме атмосфера каква што само Вардар знае. Да бидеме осмиот играч на теренот. Продолжува со борбата за враќање на титулата, а следниот предизвик во домашното првенство носи уште една голема пресметка – дуел против Охрид, објавија „црвено-црните“. На табелата во македонската Супер лига, Вардар е прв со 46 бода (24 натпревари), следуваат, Еурофарм Пелистер 42 (25), Охрид 40 (24), Алкалоид 38 (25), Тиквеш 24 (25) и Бутел 22 (25). (МИА)
Go to News Site