Collector
Згреши ли Седлоски со Трајковски и Миовски? | Collector
Згреши ли Седлоски со Трајковски и Миовски?
Kajgana

Згреши ли Седлоски со Трајковски и Миовски?

Згреши ли Седлоски со Трајковски и Миовски? Филип Здравески 30.03.2026 / 15:03 Теми и коментари Репрезентацијата деновиве ја тресат внатрешни немири откако некои играчи по само еден меч под новиот селектор изразија незадоволство и одлучија да си заминат. Александар Трајковски (лево) и Бојан Миовски (десно); Фото: ФФМ Новиот селектор Гоце Седлоски имаше неславно деби кога во Копенхаген доживеа дебакл во полифиналниот мундиајлски бараж губејќи со 4:0 од Данска, од противник кој се мачеше да состави стратни 11 поради еден куп повредени првотимци. Резервистите на Данска за 10 минути во вториот дел ја средија Македонија набрзина постигнувајќи три гола, па сега ќе играат финален бараж. Седлоски изненади многумина со одлуката во нападот да почне со Елмин Растодер и Лирим Ќамили, а на клупата ги остави Бојан Миовски, до вчера стандарден стартер, и Александар Трајковски, херојот од Палермо кој има дури 98 настапи во црвениот дрес. Изненади многумина, но веројатно не ги изненади оние добрите познавачи на фудбалската игра. Веројатно многу тренери на негово место би го направиле истото. Седлоски по натпреварот објасни зошто се одлучил за таков потег. Едноставна и многу фудбалска причина: Растодер и Ќамили играат стандардно во своите клубови, а додека Миовски и Трајковски не. Ако ја погледнеме статистиката на секој од нив четворица, бројките говорат многу. Тука се причината за одлуката на Седлоски. Елмин Растодер Растодер е всушност во моментов наш најдобар напаѓач. Статистиката тоа го говори. Во најдобрата швајцарска лига сезонава на 30 натпревари има постигнато 12 голови и 5 асистенции и е еден од најзаслужните што Тун е изненадување на сезоната, закован на првото место со дури 15 бодови предност пред второпласираниот Сент Гален. Но, не се само головите, Растодер дури 26 пати бил стартер. Лирим Ќамили Ќамили игра за тимот на Сендерјиске во најдобрата данска лига. Роден е и израснат токму во Данска и зборува дански. Но, тоа што на терен ја разбира комуникацијата на Данците не е пресудната причина зошто Седлоски се одлучил тој да биде во нападот. Ќамили сезонава има одиграно 20 натпревари во данската лига и куп и постигнато 5 голови со 1 асистенција. Претходно сезонава не беше редовен, но последните 6 натпревари пред репрезентативниот настап е стартер играјќи по 90 минути, освен еднаш кога го извадиле во 86. минута. Не ја има статистиката на Растодер, но не ја има ниту на Миовски и Трајковски. Александар Трајковски Трајковски цела есен беше без клуб, а во декември потпиша со хрватскиот прволигаш Локомотива од Загреб. Досега одигра 10 натпревари (9 во лигата и 1 во купот) и постигна 1 гол и запиша 2 асистенции. Откако во јануари трипати беше стартер, од февруари до репрезентативната пауза одигра само 4 натпревари од кои два како стратер и два како замена, играјќи вкупно 235 минути од можни 610. Бојан Миовски Миовски сезонава за шкотскиот гигант Ренџерс има 24 натпревари со 4 голови и 1 асистенција, а има и 8 меча во Лига Европа со 1 гол. Но, во 2026 година Миовски само двапати беше стартер за Ренџерс во шпкотската лига, двапати доби по 32 односно 45 минути како замена, а останатите 6 настапи му се со по помалку од 10 минути. Навистина, во шкосткиот ФА куп на два натпревара постогна 4 голови, но противниците беа нисколигаши, а резултатите 5:0 и 8:0. Наредната рунда против Селтик не доби шанса да игра иако четвртфиналето траеше 120 минути. Веројатно Седлоски верувал дека на важен натпревар како баражот треба да играат најподготвените играчи. На крајот, тој е селектор и тој го има последниот збор, но и тој прв одговара за постигнатите резултати. Негово право е да истрча со играчите што смета дека се најподготвени и можат физички да одговорат на играта која ја негуваат данските фудбалери. Одлуката за првите единаесетмина не ја прими најдобро Трајковски, кој одлучи да се повлече од репрезентацијата. Во пораката што ја објави, меѓудругото, вели: „Во изминатиот период чувствувам дека мојот труд и залагање не беа доволно вреднувани.“ Во секој случај, штета што ова го направи на два меча од клубот 100. Со оглед на тоа што во вторник мечот со Ирска е пријателски, Седлоски веројатно ќе им даде шанса на сите оние што не играа против Данска. Трајковски би го запишал 99-тиот настап и во јуни со стотка би можел како легенда да се прости од репрезентацијата. „Александар Трајковски не беше задоволен што не започна во првиот состав, но во овој момент сметам дека физички не е на нивото потребно за да одговори на барањата на ваков натпревар. Нашиот план беше, доколку има потреба, Трајковски да добие шанса во завршницата, но текот на натпреварот не го наложи тоа. Нема причина некој да се чувствува навреден“, објасни Седлоски за одлуката Трајковски да не настапи. Миовски исто така бил незадоволен. Тој против Данска влезе во игра во 64. минута, кога резултатот веќе беше 3:0. Неговото незадоволство, како што кажа Седлоски, е поради тоа што не бил стартер. Тој сепак не објави дека се повлекува од репрезентацијата, туку нема да биде во комбинација против Ирска. Неговиот Ренџерс побарал од ФФМ тој да биде ослободен. Бидејќи се работи за официјален ФИФА термин, ФФМ не е обврзана да го прифати барањето на клубот, но кога веќе самиот играч сакал да замине, тогаш најдобро за трите страни е тој да биде ослободен. Воедно, и клубовите на капитенот Енис Барди и Исник Алини, Конјаспор и Далјен Инбо, исто побарале тие двајца да бидат ослободени од пријателската, но самите фудбалери одлучиле да останат во репрезентацијата. „Слична беше ситуацијата и со Бојан Миовски, кој исто така не беше задоволен што не започна, но мора да се прифати дека во репрезентацијата има 23 фудбалери и никој нема загарантирано место во почетниот состав“, дообјасни Седлоски. И во целата оваа ситуација со правдање на изборот на селекторот забораваме на уште еден напаѓач. Милан Ристовски е во репрезентацијата, беше на клупата против Данска и не доби шанса да игра. Тој сезонава за својот клуб има 25 натпревари во најдобрата лига на Чешка со 2 постигнати гола и 1 асистенција, а во последните 5 натпревари е стартер. Неговата слаба голгетерска форма е веројатно причината што Седлоски го острави на клупата. Но, Ристовски тоа го прими најспортски и најколегијално, не бунејќи се и чекајќи си ја шансата, кога селекторот ќе одлучи да му ја даде. Сѐ на сѐ, во репрезентација не игра реноме, ни педигре, играат во моментот најдобрите. Ако еден Серхио Рамос со дури 180 натпревари за Шпанија можеше да не биде викнат за Мундијалот во Катар 2022, на негово огромно разочарување, а бидејќи селекторот сметаше дека на неговата позиција има подобри играчи во моментот, тоа е само еден пример кој покажува дека местото во репрезентацијата никому не му е загарантирано, туку дека тоа состав кој во секој момент е подложен на промени. Гоце Седлоски Александар Трајковски Бојан Миовски Македонија фудбал Автор/Извор Филип Здравески Прикажи во метро On

Go to News Site