Collector
Министерството за спорт и САДУ потпишаа колективен договор: Етапно зголемување на платите до 21% и бројни придобивки за вработените | Collector
Министерството за спорт и САДУ потпишаа колективен договор: Етапно зголемување на платите до 21% и бројни придобивки за вработените
Kurir

Министерството за спорт и САДУ потпишаа колективен договор: Етапно зголемување на платите до 21% и бројни придобивки за вработените

Министерството за спорт претставено од министерот Борко Ристовски и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ), претставуван од претседателот Благоја Ралповски, денеска склучија Колективен договор за вработените во Министерството. Ова, како што информираат, е историски прв колективен договор на Министерството за спорт склучен по неговото формирање во јули 2024 година. -Со овој договор значително се унапредуваат правата на вработените, се обезбедуваат поповолни услови од оние предвидени со досегашните законски решенија и важечките колективни договори во јавниот сектор. Документот опфаќа нови и проширени права за вработените, со цел подобрување на статусот и условите за работа - се вели во соопштението од Министерството за спорт. Клучната новина е значителното зголемување на платите на административните службеници, кое ќе се реализира етапно, во три фази, започнувајќи од март 2026 година до март 2028 година: 7% зголемување од 1 март 2026 година, дополнителни 7% од 1 март 2027 година и дополнителни 7% од 1 март 2028 година. Со ова, вкупното зголемување на платите ќе достигне 21% во наредниот тригодишен период. Платите на вработените кои немаат статус на административни службеници ќе се уредуваат согласно Законот за минимална плата и општите прописи за работни односи. Колективниот договор, како што информираат, предвидува и бројни бенефити за вработените, меѓу кои регулирање на прекувремената работа, платено и неплатено отсуство, додатоци на плата за ноќна работа, сменска работа, работа во денови на празници и прекувремена работа, јубилејни награди, гаранции за заштита и безбедност на вработените, заштита од вознемирување на работното место, надоместување на трошоци поврзани со работата и друго. Со потпишувањето на овој договор, Министерството за спорт и социјалните партнери испраќаат силна порака за заедничка посветеност кон унапредување на работничките права, зајакнување на социјалниот дијалог и градење модерна и ефикасна јавна администрација. (МИА)

Go to News Site