Kajgana
Европската кошарка на работ на револуција: ФИБА, НБА и Евролигата на иста маса Филип Здравески 30.03.2026 / 20:03 Кошарка Европската кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, бидејќи се очекува преговорите меѓу НБА, Евролигата и ФИБА да продолжат во наредните денови со цел да се најде модел што би им одговарал на сите страни. Иако процесот на аплицирање за инвеститори за проектот НБА Европа влегува во завршна фаза, сѐ повеќе се зборува за можноста за заеднички проект, наместо за нов конфликт на пазарот. Според овие информации, идејата за лансирање на ново натпреварување од 2027 година е сè уште актуелна, но останува прашањето дали тоа ќе биде целосно нова лига или заедничка платформа во која би учествувала и Евролигата. Во игра се различни модели, а едно можно сценарио е првенство со 24 клубови, што би создало простор за постојните тимови од Евролигата, но и нови тимови заинтересирани за влез на најголемата европска сцена. Во исто време, Евролигата продолжува да работи на сопствената стабилност. Управниот одбор на натпреварувањето на 14 април ќе разговара за форматот за следната сезона, а во моментов се чини најреално е лигата да остане на 20 клубови. Во меѓувреме, се зборува и за продолжување на лиценците на некои гиганти како што се Реал Мадрид и Фенербахче, што дополнително ја зајакнува позицијата на елитното континентално натпреварување во преговорите. Од друга страна, ФИБА инсистира на појасен календар поради репрезентативните прозорци и попрецизен систем на пласман од домашните првенства во елитното натпреварување. Доколку НБА и Евролигата најдат заеднички финансиски и организациски интерес, се очекува овие барања да бидат дел од конечниот договор. По години тензии и поделби, европската кошарка сега можеби е поблиску до соработка отколку до нова војна. Доколку се постигне договор, тоа би можело да означи крај на долготрајниот конфликт меѓу ФИБА и Евролигата и почеток на голема реорганизација на европскиот клупски систем. All about the negotiations between FIBA, NBA & the EuroLeague and the 24-team league scenario https://t.co/HQgK2IPPfj — Eurohoops (@Eurohoopsnet) March 30, 2026 Евролига ФИБА НБА Европа Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site