Collector
УЖАС: Едно дете убиено, осум ранети во пукање во училиште во Аргентина – и убиецот е дете | Collector
УЖАС: Едно дете убиено, осум ранети во пукање во училиште во Аргентина – и убиецот е дете
Kurir

УЖАС: Едно дете убиено, осум ранети во пукање во училиште во Аргентина – и убиецот е дете

Едно 13-годишно момче е убиено, а најмалку осум лица се ранети откако тинејџер отвори оган во училиште во аргентинскиот град Сан Кристобал. Напаѓачот, 15-годишен ученик, веднаш бил приведен од страна на полицијата. Според сведоштвата на учениците, напаѓачот излегол од тоалетот вооружен, по што меѓу децата настанала паника и тие почнале да викаат. Во тој момент, тинејџерот почнал неселективно да пука во нив. Локалните власти соопштија дека оружјето користено во нападот е ловечка пушка. Истрагата за мотивите на нападот е во тек.  (МИА)

Go to News Site