Kajgana
Верстапен размислува да ја заврши кариерата Филип Здравески 30.03.2026 / 20:45 Ф1 Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, размислува да ја заврши кариерата на крајот од 2026 година. Макс Верстапен е најмладиот дебитант во историјата на Формула 1 и четирикратен шампион на ова натпреварување. Неговиот тим, Ред Бул, се мачи многу оваа сезона (како и сите други кои не се Мерцедес). Трката во Јапонија ја заврши на осмата позиција. По трката беше фрустриран, а од BBC го прашаа дали приказните за неговото пензионирање се вистинити: „Точно така, размислувам за тоа како и за сè друго секој ден. Не е убаво кога мора да се тркаш вака. Тоа е антивозење. Не станува збор дури ни за позиција, немам проблем ако завршам седми или осми или каде било во поредокот“, рече Верстапен. Сржта на проблемот е што новите правила на Формула 1 бараат да се направат одредени работи за да се наполни батеријата во секој круг, што предизвикува многу возачи да изгубат брзина. Токму за време на трката во Јапонија видовме разлика од речиси 100 км/ч помеѓу Колапинто и Берман, што резултираше со ужасен инцидент. „Ако престигнете некого во една кривина, нема да имате доволно батерија за следната“, објасни Верстапен. Макс Верстапен Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off
Go to News Site