Collector
Македонска берза одбележува јубилеј – 30 години од првиот ден на организирано тргување со хартии од вредност | Collector
Македонска берза одбележува јубилеј – 30 години од првиот ден на организирано тргување со хартии од вредност
Kurir

Македонска берза одбележува јубилеј – 30 години од првиот ден на организирано тргување со хартии од вредност

Македонска берза АД Скопје денеска одбележува јубилеј – 30 години од првиот ден на организирано тргување со хартии од вредност во Република Северна Македонија. По повод јубилејот, Македонска берза АД Скопје во хотелот „Мериот“ во Скопје организира вечера посветена на три децении развој на пазарот на капитал, партнерства и заеднички достигнувања Мисија на Берзата е да обезбеди ефикасно, транспарентно и сигурно функционирање на организираниот секундарен пазар на хартии од вредност во Република Македонија, преку перманентно настојување на сите инвеститори да им обезбеди влез, односно излез од финансиските инструменти со кои се тргува на различните берзански пазари по фер пазарна цена, да им помогне на трговските друштва да привлечат нов капитал за финансирање на нивниот развој и да придонесе за градење доверба во македонскиот пазар на хартии од вредност. Основачкото Собрание на Македонска берза АД Скопје е одржано на 13 септември 1995 година, а на 28 март 1996 година, во Република Македонија за прв пат заѕвони берзанското ѕвоно и се одржа првиот ден на тргување на Берзата. Почетокот на работата на Берзата го означи тогашниот Претседател на Република Македонија, Глигоров. На Берзата се тргуваше два пати во неделата, во вторник и четврток. На 16 октомври 1996 година, Македонска берза беше примена како полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи. Во историјата ќе остане запишано дека Македонска берза АД Скопје ја основаа 19 правни лица, од кои 13 банки, 3 осигурителни друштва и 3 штедилници.

Go to News Site