Kajgana
Потпишан Колективен договор за вработените во Јавното обвинителство Александра Спасеска 31.03.2026 / 08:42 Македонија Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и Претседателката на Синдикалната организација при јавните обвинителства Изабела Илиева вчера го потпишаа Колективниот договор за вработените во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Ова е првпат правата на вработените во јавнообвинителската служба да се гарантираат со поединечен колективен договор, кој меѓу другото предвидува и етапно зголемување на платите на оваа категорија вработени, почнувајќи од платата за март 2026 година. Јавниот бвинител Савески го поздрави потпишувањето на Колективниот договор како значаен исчекор во однос на статусот на јавнообвинителската служба. Тој изрази задоволство што ваквиот чин се случува токму на почетокот на неговиот мандат, како потврда за неговите заложби да се создадат сите предуслови за ефикасна работа во јавните обвинителства и за уште поголемо унапредување на правата на вработените во оваа институција. Во разговорите со претставниците на Синдикатот се дискутираше и во однос на законските решенија за јавното обвинителство и за јавнообвинителската служба кои се во процедура, а беше изразена подготвеност и за континуирана комуникација и соработка со синдикалната организација. Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро Off
Go to News Site