Collector
СДСМ: Орбан паѓа, Мицкоски договара враќање на Груевски | Collector
СДСМ: Орбан паѓа, Мицкоски договара враќање на Груевски
Kajgana

СДСМ: Орбан паѓа, Мицкоски договара враќање на Груевски

СДСМ: Орбан паѓа, Мицкоски договара враќање на Груевски Александра Спасеска 31.03.2026 / 08:37 Македонија Додека политичката сцена во Унгарија се менува, а поддршката за Виктор Орбан драматично опаѓа, Христијан Мицкоски останува да тера со своите политики на изолација, корупција и одработување за туѓи интереси, оценуваат од СДСМ. „Орбан, кој веќе е исвиркан и од сопствените поддржувачи на митинзи, е симбол на една политика која Европската Унија веќе не ја толерира. Коруптивна политика која служи на бизнис и руски интереси, наместо на европските вредности и иднината на граѓаните. Додека граѓаните на Унгарија го избираат европскиот пат, Мицкоски ја турка Македонија во спротивна насока – кон изолација, неизвесност и назадување кое сака да трае со децении“. Мицкоски, додаваат од опозициската партија, ги продава македонските национални интереси а денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски. Прашуваат какви други договори се прават зад затворени врати. „Што ќе се случи со 40% од медиумите во Македонија кога ќе падне Орбан, кои ги контролира ВМРО? Што ќе биде со бизнисите на Орбан во Македонија, во енергетиката и телекомуникациите“. Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On

Go to News Site