Collector
Трајковски разочаран, повеќе нема да игра за Македонија: Заминувањето боли | Collector
Трајковски разочаран, повеќе нема да игра за Македонија: Заминувањето боли
Kajgana

Трајковски разочаран, повеќе нема да игра за Македонија: Заминувањето боли

Трајковски разочаран, повеќе нема да игра за Македонија: Заминувањето боли Александра Спасеска 31.03.2026 / 09:35 Фудбал Еден од најдобрите фудбалери на Северна Македонија, Александар Трајковски, соопшти дека става крај на својата меѓународна кариера. Поранешниот играч на Хајдук, а сегашен 33-годишен напаѓач на Локомотива Загреб, се збогува со репрезентацијата во емотивен пост на социјалните мрежи, нагласувајќи дека одлуката не била лесна. Трајковски беше дел од генерацијата што испиша историја со пласманот на Европското првенство, а навивачите особено ќе го паметат по победничкиот гол против Италија во 92-та минута од полуфиналето на плејофот на Светското првенство. Во финалето за пласман на Светското првенство, Португалија беше подобра (2:0). Remote video URL Емотивно збогување Неговата одлука дојде по големото разочарување кога селекторот Гоце Седлоски не му даде ниту една минута во натпреварот од плејофот на Светското првенство против Данска во Копенхаген (4:0). Искусниот голгетер на тој начин застана на 98 настапи за репрезентацијата, само два помалку од самиот Седлоски, и нема да ја достигне посакуваната „стотка“. Трајковски ја завршува својата репрезентативна кариера како трет Македонец со најмногу настапи, зад Горан Пандев (122) и Седлоски (100), додека со 24 постигнати гола е веднаш зад Горан Пандев (38). Во својата објава, Трајковски нагласи дека носењето на националниот дрес никогаш не било само обврска за него, туку чест, гордост и огромна одговорност. Ја пренесуваме неговата порака во целост. „Денес стојам пред вас со срце полно емоции… Од првиот ден кога го облеков дресот, знаев дека тоа не е само обврска – туку чест, гордост и одговорност која не може да се опише со зборови. Да ја претставуваш својата земја, својот народ, своето семејство… Тоа е нешто што се чувствува, не се објаснува. Секој повик во репрезентацијата за мене беше како прв. Истата возбуда, истата трема, истата желба да дадам сè од себе. Секој натпревар беше битка, секој гол – момент кој ќе го носам во срцето засекогаш. Но повеќе од сè, ќе ги паметам луѓетo,соиграчите кои станаа браќа, кои веруваа во мене и сите оние кои беа дел од ова патување. Имаше и тешки моменти… Порази кои болеа, но и победи кои не учеа што значи вистинска радост. Во сите тие моменти, едно нешто никогаш не се промени – љубовта кон дресот и желбата да се даде максимумот за нашата земја. Сепак, во изминатиот период чувствувам дека мојот труд,и залагање не беа доволно вреднувани. Посебна благодарност до навивачите,вие бевте нашата сила кога беше најтешко, нашиот ветер во грб кога ни требаше најмногу. Ова не е лесна одлука… Заминувањето боли, но истовремено носи и гордост. Гордост што имав чест да бидам дел од оваа репрезентација и да го носам овој дрес со срце. Репрезентацијата не е само тим – тоа е семејство... Ви благодарам на сите за довербата, подршката и љубовта низ сите овие години. Ви благодарам што ми дозволивте да го живеам мојот сон. Со крената глава и полно срце… Се повлекувам...“ View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Trajkovski (@alextrajkovski8) Александар Трајковски репрезентација Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site