Kurir
Од 11 часот без вода за пиење ќе останат корисниците на дел од улиците „Македонско-косовска бригада“ и „Индира Ганди“, како и село Горно Лисиче, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје. - Поради дефект на приклучна цевка на „Македонско-косовска бригада“ 4/30, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од „Македонско косовска бригада“ и дел од „Индира Ганди“, појаснија од јавното претпријатие. Додека поради уличен дефект на „Божин Николов - Силни“ број 60, прекинато ќе било и водоснабдувањето за корисниците од село Горно Лисиче. Од јавното претпријатие додадоа дека засегнатите ќе бидат без вода за пиење до завршување со санација на дефектите.
Go to News Site