Collector
МВР ги зголеми платите на сите вработени за 2.470 денари | Collector
МВР ги зголеми платите на сите вработени за 2.470 денари
Kajgana

МВР ги зголеми платите на сите вработени за 2.470 денари

МВР ги зголеми платите на сите вработени за 2.470 денари Александра Спасеска 31.03.2026 / 12:17 Македонија Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во бруто износ од 2.470 денари, соопшти МВР. „Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во МВР во бруто износ од 2.470 денари и тоа почнувајќи со исплата на плата за месец март 2026“, соопшти МВР. Од таму додаваат дека во наредниот период, со имплементација на новиот Закон за внатрешни работи, ќе биде разгледана можноста за дополнително покачување на плати за вработените во МВР. „Министерството за внатрешни работи продолжува да ги подобрува условите за работа и стандардот на македонската полиција, а со тоа и целокупната безбедноста на државата и граѓаните“, се наведува во соопштението. МВР Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On

Go to News Site