Kajgana
Италија им забрани на американските бомбардери да слетуваат во базата на Сицилија Александра Спасеска 31.03.2026 / 12:54 Свет Италија одби да им дозволи на американските воени авиони да слетаат во воздухопловната база Сигонела на Сицилија на пат кон Блискиот Исток, потврди извор запознаен со ситуацијата. Ова ги потврдува претходните медиумски извештаи, пренесува Reuters . Дневниот весник Corriere della Sera објави дека американските бомбардери требало да слетаат во база во источна Сицилија пред да го продолжат летот кон Блискиот Исток. Според весникот, дозволата била одбиена бидејќи САД не побарале официјално одобрение ниту се консултирале со италијанската војска, што е потребно според договорите што го регулираат користењето на американските воени објекти во Италија. Изворот, кој сакал да остане анонимен бидејќи не е овластен да зборува со медиумите, не го прецизирал бројот на вклучени авиони или кога точно Рим ја одбил дозволата. Досега нема коментар од италијанското Министерство за одбрана. Опозиционите партии од левиот центар ја повикаа владата да го блокира користењето на американските бази во Италија за да се избегне влечење на земјата во конфликт. Централно-десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони претходно изјави дека ќе побара одобрение од парламентот доколку бидат поднесени такви барања. Шпанија вчера го затвори својот воздушен простор за американските авиони кои учествуваат во нападите врз Иран. Италија САД Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On
Go to News Site