Kurir
Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска пристигна во официјална посета на Јапонија насочена кон зајакнување на билатералните врски во областите на нуклеарната енергија и технолошките и вселенските иновации. Се очекува Макрон да разговара и за војната на Блискиот Исток. Макрон утре има економски и политички разговори со јапонски претставници, а в четврток предвиден е ручек со јапонскиот цар Нарухито. Тоа е четврта посета на Макрон на Јапонија, но прва откако Санае Такаичи е премиерка. Макрон по посетата на Јапонија ќе отпатува за Јужна Кореја.
Go to News Site