Kurir
Го прочитав денешното соопштение на СДСМ и впечатокот е ист како и многупати досега: повеќе политичка драматизација отколку сериозна аргументација . Никој не спори дека постојат теми за кои јавноста треба да биде внимателна од евентуалното прекумерно унгарско влијание, до економските и стратешките интереси во телекомуникациите и енергетиката. Тоа се легитимни прашања и заслужуваат одговори. Но таму каде што СДСМ најмногу напаѓа, таму најмалку докажува. Кога ќе се тврди дека нечија посета имала цел да договори враќање на Груевски , тоа веќе не е политички став туку сериозно обвинување. А за сериозни обвинувања не се доволни алузии, туку докази. Кога ќе се каже дека некој ја презел контролата врз судството и обвинителството, тогаш јавноста очекува конкретни факти, конкретни механизми и конкретни примери не само политички впечаток и желба претворена во „лична вистина“. Кога ќе се фрли бројка дека 40% од медиумите се ставени под контрола, тогаш мора да има извор, анализа и аргумент. Во спротивно, тоа не е факт, туку порака дизајнирана да создаде страв и впечаток на целосна окупација. И конечно, кога едно соопштение завршува со реторички конструкции од типот „дали да очекуваме и Орбан да дојде во Македонија заедно со Груевски“ , тогаш веќе станува јасно дека целта не е информирање на јавноста, туку политичка сензација . На Република Македонија и треба сериозна дебата , а не политички есеи со драмски заплет. Затоа, ако имаат факти, нека ги објават. Ако имаат докази, нека ги презентираат. А акоо немаат, а сè поизвесно е дека немаат, тогаш ваквите соопштенија не зборуваат за реалната состојба, туку за нивната политичка безидејност, нервоза и очигледен недостаток на што било друго освен богат вокабулар на навреди, инсинуации и конструкции. Проф. д-р ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ
Go to News Site