Kurir
Првиот заменик-претседател на Владата на Република Македонија, Беким Сали, денеска учествуваше на 10-тиот Самит на верските лидери од земјите на Балканот, кој се одржа во Скопје. Самитот беше организиран по покана на Реис-ул-улемата, Шаќир еф. Фетаху, при што беа собрани претставници на верските заедници од различни земји од регионот. Во своето обраќање, Сали истакна дека присуството на учесниците од различни земји претставува доказ за заедничка волја за дијалог, меѓусебно разбирање и соработка. Тој нагласи дека настанот добива посебна тежина поради фактот што се одржува во Скопје, град во кој верскиот, етничкиот и културниот диверзитет бил и останува една од темелните вредности. Според него, доколку Балканот би се опишал во минијатура, тогаш Скопје и Сараево се двата града што најверно го претставуваат овој реалитет. Како скопјанец и како претставник на Владата на Република Македонија, тој им посака добредојде на учесниците и им посака успешна работа за време на самитот.
Go to News Site