Kajgana
И Франција му врти грб на Трамп Александра Спасеска 31.03.2026 / 14:17 Свет Претседателот на САД, Доналд Џ. Трамп, остро ја критикуваше Франција на социјалната мрежа Truth Social за одбивањето да им дозволи на американските и сојузничките авиони што носат воена опрема за Израел да летаат над нејзина територија. Трамп го нарече потегот „МНОГУ НЕКОРИСЕН“ во контекст на операциите против иранскиот режим. „Франција не дозволи авиони што носат воена опрема за Израел да летаат над француска територија. Франција беше МНОГУ НЕКОРИСНА во однос на 'иранскиот џелат', кој беше успешно елиминиран! САД ЌЕ ЗАПАМТАТ!!! Претседател Д.Џ.Т“, се вели во целиот пост. Изјавата доаѓа во време на зголемени тензии на Блискиот Исток, обележано со заеднички акции на САД и Израел против ирански цели, вклучувајќи високи функционери и воена инфраструктура. Пораката на претседателот Трамп ја истакнува фрустрацијата на одредени европски сојузници за време на операциите против Иран, кои се многу резервирани во врска со војната што Америка ја водеше заедно со Израел против Иран. Италија денеска одби да им дозволи на американските воени авиони да слетаат во воздухопловната база Сигонела на Сицилија на пат кон Блискиот Исток , а Шпанија вчера го затвори својот воздушен простор за американските авиони кои учествуваат во нападите врз Иран. Војната трае повеќе од еден месец Војната меѓу САД, Израел и Иран започна кон крајот на февруари кога американските и израелските сили започнаа напади врз ирански воени и нуклеарни цели, вклучувајќи ги базите на Револуционерната гарда и објектите поврзани со ракетната програма на Иран. Во нападите беа погодени и цивилни објекти. Иран возврати со ракетни напади и напади со беспилотни летала врз американските бази во регионот и врз цели во Израел и земјите од Персискиот Залив, додека конфликтите се проширија и на поморскиот сообраќај, особено во Ормутскиот теснец, низ кој минува голем дел од светската нафта. Тензиите продолжуваат да растат и покрај повремените сигнали за можни преговори, ниту една страна досега не покажа подготвеност за брз крај на конфликтот. Франција САД Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On
Go to News Site