Kajgana
Преку 7 планини и 7 мориња, Ирачаните едвај стигнаа во Мексико за баражот против Боливија КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО - БАРАЖ Филип Здравески 31.03.2026 / 15:00 Фудбал Кратко по завршувањето на европските баражи за Светското првенство 2026 ќе се одиграат и финалните натпревари од интерконтиненталниот бараж, со што ќе се добијат и последните два учесника на завршницата во Канада, САД и Мексико. Во игра се два мундијалски билета. Едниот ќе заврши во рацете на играчите од репрезентацијата на Ирак или нивните ривали Боливија, а другиот во џебот на ДР Конго или Јамајка. Ирачаните се изборија за оваа можност благодарение на нивната позиција на ранг-листата на ФИФА, но во еден момент постоеше опасност воопшто да не се појават во мексиканскиот град Гвадалупе. Поради војната на Израел и Соединетите Американски Држави со Иран, воените одговори на нападнатата земја кон соседните земји и затворањето на воздушниот простор над нивната татковина, ирачките фудбалери мораа дел од патот да го поминат со автобус, а потоа да поминат низ процедури за виза во Катар и Саудиска Арабија, за да може ФИФА да им обезбеди лет до Мексико. Претходно, ФИФА го отфрли нивното барање за одложување на финалниот бараж. Сега кога се на лице место во сончевиот Градалупе, нивните сонародници се надеваат дека популарните „Месопотамиски Лавови“ по вторпат во историјата ќе обезбедат место на Светското првенство, по пласманот на Мундијалот во 1986 година кој се играше токму во Мексико. Тогаш Ирачаните оставија одличен впечаток иако ги загубија сите три натпревари во групата Б. Прво незаслужено беа минимално со 1:0 поразени од Парагвај откако судијата контроверзно им поништи гол, потоа загубија 2:1 од Белгија во меч кој речиси цело второ полувреме го играа со десет играчи, а во последното коло со 1:0 загубија од домаќинот Мексико. И Боливија долго време не била на Светското првенство, па затоа постои мала надеж дека ќе стигнат таму каде што последен беа во 1994 година, исто така на Светско првенство на тлото на САД. Пред да играат со Ирак го добија полуфиналниот дуел со Суринам откако направија пресврт во последните 20 минути. Боливија го брка својот само четврти пласман, откако претходно играше уште на Мундијалите во 1930 и 1950 година. View this post on Instagram A post shared by La Verde (@laverde_fbf) Стадион „БеБеВеА“ во Гвадалупе, Мексико Ирак - Боливија Главен судија: Иван Бартон (Ел Салвадор) Почеток: 5:00 ч. (среда наутро) Директен пренос: FIFA+ Пред дуелот на Ирачаните со Боливијците на мегдан ќе излезат фудбалерите на ДР Конго и Јамајка. На Јамајка ѝ беше потешко од очекуваното да ја помине селекцијата на Нова Каледонија, па вечерва во финалето ќе игра против Демократска Република Конго, репрезентација која само еднаш досега има играно на Светско и треба да го обели образот бидејќи тогаш постави неславен рекод. Кога на Мундијалот 1974 во Западна Германија дебитираше оваа селекција, државата се викаше Заир. Од клупата ги предводеше легандарниот македонски фудбалер и потоа тренер Благоја Видиниќ, а Заир во групата 2 почна со 2:0 пораз од Шкотска. Следуваше неславен рекорд со поразот од 9:0 од Југославија, кој во тоа време беше највисок пораз во историјата на Мундијалите (исто со 9:0 во 1954 година Унгарија ја победи Јужна Кореја), пред да биде урнат во 1982 кога Унгарија со 10:1 го совлада Ел Салвадор. Мундијалското деби Заир го заврши со 3:0 пораз од Бразил, пакувајќи се за дома не само без освоен бод, туку и без постигнат гол. И Јамајка не била често дел од елитата - има играно само еднаш и тоа во 1998 година во Франција. Тогаш во послеедната гртупа Х откако загубија со 3:1 од Хрватска и со 5:0 оид Аргентина на крај успеаја да си заминат со победа совладувајќи ја Јапонија со 2:1. Стадион „Акрон“ во Запопан, Мексико ДР Конго - Јамајка Главен судија: Факундо Тежо (Аргентина) Почеток: 23:00 ч. Директен пренос: FIFA+ СП 2026 Ирак Боливија Јамајка ДР Конго Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site