Collector
Почина легендарниот голман Борислав Михајлов, херој од Мундијалот во 1994 | Collector
Почина легендарниот голман Борислав Михајлов, херој од Мундијалот во 1994
Kajgana

Почина легендарниот голман Борислав Михајлов, херој од Мундијалот во 1994

Почина легендарниот голман Борислав Михајлов, херој од Мундијалот во 1994 Филип Здравески 31.03.2026 / 15:59 Фудбал Борислав Михајлов, легендарниот голман и долгогодишен претседател на Бугарската фудбалска асоцијација, почина на 63-годишна возраст. Михајлов беше во индуцирана кома од крајот на минатата година откако доживеа мозочен удар. И покрај напорите на лекарите и поддршката од семејството, тој не можел да се опорави, јавуваат бугарските медиуми. Ќе биде запаметен како една од клучните фигури во најголемиот успех на бугарскиот фудбал, четвртото место на Светското првенство во САД во 1994 година. Неговиот настап во четвртфиналето против Мексико е особено запаметен, кога одбрани два пенала и ја одведе Бугарија меѓу четирите најдобри репрезентации во светот, истоириски успех кој источниот сосед никогаш не дојде ни блиску да го повтори.Михајлов играше за репрезентацијата 102 пати, а беше во составот и на Светското првенство 1986 во Мексико и на она во 1998 во Франција, како и на ЕУРО 1996 во Англија. Remote video URL Во својата клупска кариера остави најголем белег во софиски Левски, со кого освои 3 шампионски титули и 3 купа, а беше прогласен за фудбалер на годината во 1986 година. Бранеше и за Беленензеш (Португалија), Милуз (Франција), Рединг (Англија) и Цирих (Швајцарија), каде што ја заврши својата кариера. Откако ја заврши кариерата, остана во фудбалот. Од 2005 година беше претседател на БФС, а на таа позиција, со кратки паузи, остана до 2023 година. Неговиот син Николај го наследи меѓу ставите во репрезентацијата, бранејќи до 2022 година, како трета генерација голман во семејството, традиција што ја почна Бисер Михајлов, таткото на Борислав. СП 1994 Бугарија Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off

Go to News Site