Collector
Затворениот магнат Џими Лај добитник на германска награда за слобода на печатот | Collector
Затворениот магнат Џими Лај добитник на германска награда за слобода на печатот
Kurir

Затворениот магнат Џими Лај добитник на германска награда за слобода на печатот

Медиумскиот магнат од Хонгконг Џими Лај кој е во затвор, е овогодишен добитник на Наградата за слобода на печатот, што ја доделуваат германската Медиумска асоцијација на слободниот печат (MVFP) и Здружението на дигитални и весникарски издавачи (BDZV). Лај е одликуван за неговата долгогодишна борба за демократија и слобода на медиумите во Хонг Конг. Тој во моментов отслужува 20-годишна затворска казна, откако беше прогласен за виновен за дослух со странски сили и објавување бунтовнички материјали. Лај се смета за еден од најистакнатите гласови на продемократското движење во поранешната британска колонија, која сега е специјален административен регион на Кина. Покрај Лај, наградени се и Катрин Калвајт од „Зидојче Цајтунг“ за нејзиното известување од Источна Европа, како и воениот известувач Јан Јесен. Наградите, кои изнесуваат по 10.000 евра, ќе бидат врачени на церемонија во Берлин на 6 мај, под покровителство на претседателката на Бундестагот, Јулија Клокнер.  (МИА)

Go to News Site