Collector
Македонските фудбалери до 17 години со три порази ги завршија евроквалификациите | Collector
Македонските фудбалери до 17 години со три порази ги завршија евроквалификациите
Kurir

Македонските фудбалери до 17 години со три порази ги завршија евроквалификациите

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години без освоен бод го заврши настапот во елитната фаза од квалификациите за пласман на Европското првенство, откако вечерва во завршното трето квалификациско коло загуби во Крањ од домаќинот Словенија со убедливи 4-0. Избраниците на селекторот Влатко Колев беа во негатива од два гола по првото полувреме, откако Јереб ѝ донесе водство на Словенија во 11 минута, а Балажиќ во 42 минута ја зголеми предноста. Јереб со својот втор гол на натпреварот го зголеми водството на домашната репрезентација во 82 минута, а конечниот резултат го постави Робин во судиското продолжение. Македонската репрезентација во двете воведни кола претрпе идентичен пораз од 2-1 од Германија и Франција и заврши на последното место во квалификациската група А1. (МИА)

Go to News Site