Kajgana
Де Ѕерби е нов тренер на Тотенхем Филип Здравески 31.03.2026 / 19:17 Фудбал Премиерлигашот Тотенхем најде замена за Игор Тудор, кој неодамна беше отпуштен по само 43 дена на клупата. Како што потврди добро информираниот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, Тотенхем ќе го преземе италијанскиот стратег Роберто Де Ѕерби, до неодамна тренер на француски Марсеј. Де Ѕерби се раздели со францускиот клуб на 11 февруари, по дебаклот во дербито против Пари Сен-Жермен од 0:5 и оттогаш е слободен на пазарот. Без работа беше само еден и пол месец. Сега се соочува со исклучително деликатна задача со Тотенхем, кој е во опасност од испаѓање од Премиер лигата по серијата неуспеси. Спарс последен пат победија во Премиер лигата на 28 декември под водство на тренерот Томас Франк, кој потоа доби отказ, а го наследи Тудор. Меѓутоа, Хрватот не успеа да се справи со притисокот, па тимот потона уште подлабоко и пред следното коло има само еден бод повеќе од Вест Хем, првиот тим во опасната зона. Де Ѕерби ќе дебитира на клупата на Тотенхем против Сандерленд на 12 април, бидејќчи овој викенд Англичаните играат ФА куп, каде Тотенхем е елиминиран. Романо исто така објави дека италијанскиот тренер потпишал едногодишен договор со Тотенхем. Де Ѕерби се прослави како стратег предводејќи го Сасуоло, а ги тренираше уште и Фоџа, Палермо, Беневенто, Шахтар, Брајтон & Хоув Албион и нисколигашот Дарфо Боарио, каде ја почна тренеската кариера. Тотенхем Роберто Де Ѕерби Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off
Go to News Site