Kajgana
Гана го отпушти селекторот на помалку од три месеци пред Мундијалот Филип Здравески 31.03.2026 / 19:39 Фудбал Репрезентација на Гана остана без селектор три месеци пред почетокот на Светското првенство во Канада, САД и Мексико, иако немаше индикации дека Ото Адо ќе биде исфрлен на толку суров начин од клупата на земјата чиј тим го предводеше во квалификациите. За да биде уште почудно, иако ваквите и слични ирационални одлуки не се реткост во африканскиот фудбал, „обезглавувањето“ се случи ноќта по тесниот пораз во пријателскиот натпревар со Германија, откако „Ди Маншафт“ во финишот го скршија отпорот на ривалот победувајќи со 2:1. Иако донесе стабилност во репрезентацијата, стана првиот што успеал да ја однесе Гана на две последователни Светски првенства, ги заврши квалификациите како победник во групата со 25 бодови и доби јавно признание од министерот за спорт Кофи Адамс... Адо стана осмата селекторска жртва на ГФА од 2017 година до денес. Навистина, првиот пат си замина сам, незадоволен од настапот на Светското првенство 2022 во Катар. Breaking: Otto has been sacked. The decision was made following a meeting this morning involving him, the sports minister and top GFA officials. pic.twitter.com/L4P9VzVUrS — Fentuo Tahiru Fentuo (@Fentuo_) March 31, 2026 За две години подоцна да ја прифати поканата да се врати и да ја продолжи својата очигледно добра работа како шеф на стручниот штаб на селекцијата... Тоа, сепак, не беше доволно за поинаков исход од последната средба со врвот на ГФА и надлежниот министер. Адо е роден во Германија, каде што ја помина целата своја играчка кариера, како и тренерската, како асистент во неговиот роден Хамбург, Борусија Менхенгладбах и нејзиниот имењак од Дортмунд. Гана по петти пат ќе игра на Мундијал, а во Канада, САД и Мексико е во групата Л заедно со Англија, Хрватска и Панама. Гана фудбал СП 2026 Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро Off
Go to News Site