Kurir
На средбата со новинарите по дуелот со репрезентацијата на Ирска селекторот Гоце Седлоски изјави дека овој меч го искористи да даде шанса на сите фудбалери. „По тешкиот натпревар во Данска денешниот дуел беше тврд. Исклучок е притисокот на Ирска на крајот од првиот дел и последната шанса која ја одбрани Столе. Им дадов шанси на сите фудбалери, мислам дека дуелот не понуди многу шанси. Знаеме како игра Ирска, Данците се сосема поинаква репрезентација, но да не заборавиме дека оваа селекција водеше со 0-2 по првиот дел во Прага. Задоволен сум од настапот на Фетаи, ова беше негово деби, но одлично се снајде. Го следев на неколку натпревари во Првата лига за Шкендија и ми се допадна тоа што го видов. Седум дена сум со репрезентацијата, имав само три тренинзи во Скопје и мора да почекаме. Головите ќе дојдат, треба да освежуваме во сите линии. Мора да играме офанзивно и да се наметнеме против противниците“ изјави Седлоски.
Go to News Site