Collector
Израел го нападна Бејрут, најмалку седум мртви | Collector
Израел го нападна Бејрут, најмалку седум мртви
Kajgana

Израел го нападна Бејрут, најмалку седум мртви

Израел го нападна Бејрут, најмалку седум мртви Александра Спасеска 01.04.2026 / 08:43 Свет Министерството за здравство на Либан соопшти дека вкупно седум лица се убиени во израелските воздушни напади, пет во Бејрут и две јужно од либанскиот главен град. „Нападот извршен од израелскиот непријател врз населбата Џна во Бејрут, според првичните проценки, уби пет лица, а рани 21 лице“, се вели во соопштението на министерството. Исто така, се вели дека израелски воздушен напад „насочил возило во областа Халдех, јужно од Бејрут, при што загинале две лица, а тројца цивили биле ранети“. Израелската војска во понеделник соопшти дека извршила два одделни напади насочени кон висок командант на Хезболах и друг висок член на групата поврзана со Иран во областа на Бејрут, но не ги идентификувала ниту потврдила дали се убиени. Ескалација на Блискиот Исток Нападите се најнови во ескалацијата на израелската офанзива во Либан, во која загинале најмалку 1.200 лица, а 1,2 милиони биле раселени. Либан беше вовлечен во војната на Блискиот Исток откако Хезболах испука ракети кон Израел во знак на солидарност со Техеран, два дена откако Израел и САД го нападнаа Иран. Нападот на Хезболах предизвика нова израелска копнена и воздушна офанзива. Израел бејрут Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site