Collector
Филипче продолжува слепо да ги слуша Зоран Заев и ПР шефот Башановиќ, кои го донесоа до 3,6% рејтинг | Collector
Филипче продолжува слепо да ги слуша Зоран Заев и ПР шефот Башановиќ, кои го донесоа до 3,6% рејтинг
Kurir

Филипче продолжува слепо да ги слуша Зоран Заев и ПР шефот Башановиќ, кои го донесоа до 3,6% рејтинг

Поданоста и слепата послушност кон Зоран Заев, Венко Филипче го чини топење на, и така неговиот и партиски слаб рејтинг, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „На Филипче и СДС, не им беа доволно и не извлекоа поука од последователните катастрофални изборни порази, каде дојдоа на одвај 130 илјади гласа, па продолжи дословно да ги исполнуваат желбите на Заев, со поставување на негови луѓе во раководните партиски тела, и да слушаат лоши ПР совети од Башановиќ. Во Филипче и СДС веќе никој не верува, довербата од граѓаните им се сведе на минорни 3,6% и 4,5% рејтинг. Меѓу ретките кои сè уште им изразуваат некаква поддршка се луѓе лојалисти на Заев, поддршка од членството и од симпатизерите, нема“, потенцираат во денешното соопштение. Од таму додаваат дека Филипче функционира и делува само по директива на Заев, а сега со новиот ПР шеф Башановиќ продолжува да тоне на политичката сцена. Истите луѓе на Заев, кои до пред неколку години заедно го водеа СДС, сега се здружени со Филипче во таканареченото ново партиско раководство и одат кон пропаст. “Така, Филипче заедно со Заев и неговиот куќен пријател и советник, Зоран Башановиќ, некогаш големиот СДС го доведоа до рејтинг на граница на статистичка грешка. Слободно може да се каже дека во Македонија веќе нема опозиција, и тоа е поради Филипче и СДС, затоа што нивните празни флоскули и демагогии кои ги шират во јавноста не поминуваат и граѓаните тоа го казнуваат. За да се врати СДС тоа што некогаш беше, голема партија која ќе биде конструктивна, легитимна и пред сè кредибилна опозиција, потребен е нов пристап, реформи, дистанцирање и оградување, како од Заев, така и од Филипче“, потенцираат од владејачката партија во денешното соопштение.

Go to News Site