Kurir
Македонската натпреварувачка Силвана Велјановска постигна значаен успех на меѓународната сцена, освојувајќи златен медал на Балканското првенство во бодибилдинг кое се одржа викендов во Истанбул. View this post on Instagram A post shared by Canela ⬛ (@___canelaaa) Станува збор за 35-то издание на ова престижно натпреварување, на кое учество зедоа бројни натпреварувачи од балканските земји. Велјановска се натпреваруваше во wellness фитнес категоријата, каде со својот настап, форма и пропорции успеа да го освои првото место и да се закити со титулата балканска шампионка. View this post on Instagram A post shared by Бобан Ѓороски (@gjoroski) Со овој резултат, таа ја потврди својата одлична подготвеност и квалитет, претставувајќи ја Македонија на најдобар можен начин. Овој успех претставува и значаен поттик за развојот на бодибилдингот и фитнесот во земјава. View this post on Instagram A post shared by Canela ⬛ (@___canelaaa) View this post on Instagram A post shared by Canela ⬛ (@___canelaaa) Освојувањето на златниот медал на Балканското првенство претставува еден од најголемите успеси во кариерата на Велјановска досега, но и важен момент за македонскиот спорт на регионално ниво. Велјановска за КУРИР вели дека за ова натпреварување се подготвувала цела година, а истото барало многу одрекувања и максимален фокус. За ова натпреварување се спремав цела година и искрено, не е воопшто лесно. Бара многу посветеност, одрекувања и целосен фокус на тренинг и исхрана. Имаш денови кога мотивацијата ја нема, и во тие ситуации најбитна е дисциплината, која јас секогаш ја имав. Во текот на целиот процес најбитно е да веруваш во себе и во тоа што го правиш. Нормално е да има нервоза, па и разочарувања, ама ако стварно го сакаш ова, многу полесно се поминува низ сè. Кога уживаш во процесот и не го гледаш како нешто што мораш, туку што сакаш да го правиш, тогаш е друга приказна. Кога излегов на сцена, буквално си реков „ова е тоа еве ги моите 5 минути“. За ова работев 365 дена. Отидов самоуверено, излегов самоуверено и се симнав горда и исполнета. Знаев дека го дадов максимумот и дека ова е само почеток. Сакам да му се заблагодарам на мојот тренер Божидар Пецаковски за целата поддршка и водство, како и на сите што беа со мене во текот на процесот и сè уште ме бодрат, истакна Велјановска. Таа вели дека нема да запре тука и е подготвена да не израдува со нови успеси. Искрено, не гледам причина да застанам тука. Кога ќе видиш дека трудот ти е награден, само сакаш уште повеќе. Психички никогаш не сум била поспремна и знам дека сум подготвена за следниот чекор. Планот е европско првенство, а до крајот на годината, ако сè оди како што треба – и светско. Спремна сум за целиот процес што следи, вели Велјановска.
Go to News Site