Collector
Министерот Алиу поддржува дополнителна дејност кај лекарите со строго дефинирани правила | Collector
Министерот Алиу поддржува дополнителна дејност кај лекарите со строго дефинирани правила
Kurir

Министерот Алиу поддржува дополнителна дејност кај лекарите со строго дефинирани правила

Министерот за здравство Азир Алиу поддржува дополнителна дејност кај лекарите и сите можности што може да ги имаат вработените во здравството, но со строго дефинирани правила. Според него, доплнителната дејност никако не смее да ги влоши процесите во јавниот здравствен систем и не смее листата на чекање да се зголеми, на товар на граѓаните и на дополнителната дејност. - И уште еднаш напоменувам, бидејќи имаше шпекулација дека министрот е против дополнителната дејност, што не е точно. Јас сум за секој процес кој ќе придонесе кон здравствениот систем во државата, да може тоа да го поддржиме и законски и институционално, но никако да се вложи здравствениот систем, истакна Алиу на денешната прес-конференција во Министерството за здравство. Нагласи дека и приватните здравствени институции се дел од здравствемиот систем во државата и оти граѓаните кои што се лекуваат во приватните здравствени институции се наши граѓани. - Дополнителна вредност е ако некој доктор кој ќе работи во јавна здравствена установа да може да биде интересен и за приватниот сектор, бидејќи во приватниот сектор никогаш нема да ве вработат или да ви нудат можност за соработка, ако не сте стручен во областа. Мораме да бидеме претпазливи и да не ги спречиме процесите кои што придонесуваат позитивно кон здраствениот систем, но уште еднаш да не дозволиме тие процеси да се злопотребуваат, рече Алиу.

Go to News Site