Kajgana
Светското првенство 2026 го носи најголемиот Panini албум досега и најскапата авантура Филип Здравески 01.04.2026 / 15:01 Фудбал Во минатото, децата и колекционерите лесно и брзо ги полнеа албумите, беа многу заинтересирани за по два или три одеднаш. Генерално, страстните колекционери имаа комплетна колекција неколку недели пред почетокот на финалниот турнир. Фото: Кајгана Со текот на годините, овој облик на забава стануваше сè поскап, а денес достигнавме бројки што не би им дозволиле ниту на оние со малку подлабок џеб удобно да ја започнат мисијата да полнат албум со самолепливи сликички. Што велат неофицијалните пресметки? Колекцијата за Светското првенство во Канада, САД и Мексико (11 јуни - 19 јули), поради рекордниот број учесници (48), ќе биде најголемата досега, што значи дека потрагата по комплетен албум ќе биде значително потешка од претходно. Според информациите што веќе се појавија во продажба, новиот албум треба да има дури 112 страници и околу 980 сликички, што ја прави најголемата Panini колекција во историјата на Светските првенства. Во превод, фановите и колекционерите ги очекува сериозна работа уште од првото пакетче. Тука доаѓа до израз математиката. Ако едно пакетче содржи 7 сликички (зголемен број во споредба со претходните), теоретскиот минимум, т.е. за комплетен албум без ниту еден дупликат, би барал 140 пакетчиња. Всушност, ова е речиси невозможно, бидејќи дупликати нема шанси да не се паднат, а вкупниот број на купени пакетчиња лесно расте далеку над тој минимум. Првите објавени цени исто така покажуваат зошто комплетирањето на албумот ќе биде сериозен предизвик. На некои пазари, кутии од 50 пакетчиња веќе се појавуваат за повеќе од 100 долари, додека специјалните колекционерски изданија се продаваат за над 200 евра. Кога ќе се собере сè, јасно е дека оние што сакаат да го наполнат албумот исклучиво преку купувања би можеле да потрошат неколку стотици евра. Со други зборови, Panini за Светското првенство 2026 не само што ќе биде рекордна колекција по број на сликички, туку и многу веројатно една од најскапите за комплетирање досега. Заради носталгија, страст и љубов кон фудбалот, многумина повторно ќе трошат пари без размислување, но овој пат цената на таа забава ќе биде значително повисока од порано. Голема е веројатно и многумина да земат албум без да го собираат, колку да го имаат во колекција со залепени само стотина сликички. Цените во Македонија и регионот би требало да бидат малку пониски, но не драстично, така што разликата во парите потрошени за пополнување на албумот нема да биде голема во споредба со другите европски земји. Очекуван почеток на продажбата дури во мај Според најавите од колекционерите, продажбата на албумот и сликичките за Светското првенство 2026 треба да започне на 22 мај, што е многу подоцна од претходните изданија, кои обично започнуваа во април или крајот на март. Ова веројатно е затоа што дури сега се комплетираа сите репрезентации учеснички. иако првично се шпекулираше дека албумот ќче излезе порано и ќе ги содржи и репрезентациите што играа во баражите, што ќе резултираше со уште поголем број на сликички, оваа луда идеја сепак добро е што не се реализира. На официјалната веб-страница на Panini може да направи преднарачка. За 183,5 евра се нуди албумот + кутија со 100 пакетчиња, а за 279,95 евра се нуди албум со тврди корици и 3 кутии од по 50 пакетчиња. The Official FIFA World Cup 2026™ Sticker Collection is available for pre-order now on https://t.co/kldi1mDkYG ! The Panini America Online Exclusive 50 Pack Box features the Gold Flood Crumple Parallels of the Non-Foil Stickers in the collection, giving collectors a unique and… pic.twitter.com/iJkvQVanMg — Panini America (@PaniniAmerica) March 31, 2026 СП 2026 Panini Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site