Kajgana
Москва реагира: Германија ја заборавила историската лекција Александра Спасеска 01.04.2026 / 15:00 Свет Аспирацијата на Германија да ја формира најсилната армија во Европа, за која зборуваше канцеларот Фридрих Мерц, покажува дека ја заборавиле историската лекција во Берлин, изјави Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи. „Германските власти се зафатија со формирање на 'најсилната армија во Европа', очигледно заборавајќи ги историските лекции, но и изјавите на нивниот „најблизок партнер“ Зеленски за тоа како наводно ја има најсилната армија во Европа“, коментираше Захарова. Трансатлантските односи во рамките на НАТО доживуваат најостра криза во последните години, додека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, се обидува јавно да прикаже розова слика, оцени Захарова. „Изјавите на генералниот секретар на НАТО, благо речено, изгледаат неубедливи во однос на позадината на трансатлантските односи, кои доживуваат најостра криза во последните години. Ова покажува дека не е сè толку розово во северноатлантскиот блок како Руте, кој се обидува да ја претстави лошата ситуација како позитивна“, нагласи Захарова. Според неа, тврдењата изнесени од Руте во извештајот, кои ја означуваат Русија како закана за безбедноста на Алијансата, се целосно неосновани, рече таа. Русија Германија Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On
Go to News Site