Collector
Иран ја предупредил Бугарија | Collector
Иран ја предупредил Бугарија
Kajgana

Иран ја предупредил Бугарија

Иран ја предупредил Бугарија Филип Здравески 01.04.2026 / 15:57 Регион Бугарското Министерство за надворешни работи потврди дека Иран минатиот месец ја предупредил Бугарија, членка на НАТО, да не им дозволи на САД да ги користат нејзините аеродроми за авиони кои учествуваат во воени операции во Иран. Информацијата излезе во јавноста откако пратеникот Станислав Балабанов објави нота со датум од 18 март. Во неа, иранската влада протестира поради американски воени авиони-танкери стационирани на бугарскиот аеродром „Васил Левски“. Во нотата, Иран наведува дека „го задржува правото да ги преземе сите неопходни мерки за заштита на својот суверенитет, безбедност и национални интереси во согласност со меѓународното право“. Автентичноста на нотата подоцна ја потврди заменик-министерот за надворешни работи, Марин Рајков. „Бугарија не е во војна“, изјави тој пред новинарите. „Никакви борбени авиони не ја користат Бугарија за учество во воени операции“, додаде Рајков, нагласувајќи дека земјата одржува нормални дипломатски односи со Иран. Бугарија Иран Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off

Go to News Site