Collector
Стејт департментот нуди награда од три милиони долари за информации за напади врз американските објекти во Ирак | Collector
Стејт департментот нуди награда од три милиони долари за информации за напади врз американските објекти во Ирак
Kurir

Стејт департментот нуди награда од три милиони долари за информации за напади врз американските објекти во Ирак

Американскиот Стејт департмент нуди награда до три милиони долари за информации за напади врз неговите дипломатски објекти во Ирак. Објавата уследи откако Амбасадата на САД во Багдад, Генералниот конзулат во Ербил и Центарот за дипломатска поддршка во Багдад постојано се цел на напади од почетокот на војната меѓу САД и Израел против Иран. Доколку имате информации за терористичките милиции поврзани со Иран или други лица одговорни за овие напади, испратете ни ги вашите дојави денеска. Вашите информации може да ви овозможат да добиете преселување и парична награда, се наведува во објавата на програмата „Награди за правда“. Програмата „Награди за правда“ понуди повеќекратни награди за информации поврзани со иранското раководство од почетокот на војната.  (МИА)

Go to News Site