Kurir
Еден од најдобрите кошаркари на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ е предводник на својот тим и во оваа сезона и веќе имаат обезбедено плејоф. Но, аналитичарката во НБА лигата Рејчел Николс има свое видување за игрите на словенечкиот репрезентативец. Таа истакнува дека Дончиќ не е главен кандидат за наградата МВП и објаснува. „Мора да играте на двете страни на теренот во текот на сите осум месеци. Тој напредува, но одбрана не е одговорен како што мислат луѓето. Кога ќе дојде плејоф игра сосема поинаку. Оваа награда е за целата сезона, за двете страни на теренот“. Дончиќ сезонава има просек од 37,5 поени по натпревар, со осум скокови и 7,4 асистенции. При последното рангирање тој се наоѓа на четвртото место во трката за МВП наградата. (МИА)
Go to News Site