Kurir
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување камен темелник на 400 кV далекувод од ТС „Битола 2” на граничниот премин Ќафасан, на македонско-албанската граница. Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе има обраќање пред присутните. Во рамки на настанот се предвидени обраќања и на други високи претставници на Владата, како и на меѓународните партнери и поддржувачи на проектот, меѓу кои Европската банка за обнова и развој и Европската Унија. Од АД МЕПСО, пак, посочуваат дека овој инфраструктурен зафат има особено значење за зајакнување на енергетската стабилност и унапредување на регионалната поврзаност.
Go to News Site