Collector
„Селекторе, малиот е спремен“ | Collector
„Селекторе, малиот е спремен“
Kajgana

„Селекторе, малиот е спремен“

„Селекторе, малиот е спремен“ Александра Спасеска 02.04.2026 / 11:28 Фудбал Remote video URL Цела Босна и Херцеговина засекогаш ќе го памети голот на Ведар Ибишевиќ во Литванија на 15 октомври 2013 година и пеналот на Есмир Бајрактаревиќ во Зеница на 31 март 2026 година, со кој обезбедија место на единствените две Светски првенства во историјата на БиХ. Откако го покажа својот величествен талент во САД, Бајрактаревиќ се пресели во ПСВ во јануари минатата година, но не доби шанса веднаш да игра. Сепак, и покрај ова, тој не се откажа и тренираше напорно, и многу брзо стана практично штитеник на Иван Перишиќ. „Секој ден разговарам со Иван, тој е играч од кого учам многу бидејќи постигна неверојатни работи во кариерата и среќен сум што имам таква можност. Постар е од мене, но е забавен човек со многу енергија. Убаво е да се биде со него и да се учи. Млад е во срцето иако е при крајот на кариерата“, рече еднаш Бајрактаревиќ, а Перишиќ јавно го повика Сергеј Барбарез во август минатата година да го повика Бајрактаревиќ во репрезентацијата. Бајрактаревиќ не беше во составот на тимот на БиХ за квалификациите за Светското првенство против Романија, Кипар и Сан Марино бидејќи не играше за ПСВ, а Перишиќ тогаш му рекол на Барбарез: „Селекторе, малиот е спремен“. Пет дена по апелот на Перишиќ на социјалните мрежи, Бајрактаревиќ доби повик и брзо се етаблираше во репрезентацијата, а на 31 март го постигна решавачкиот пенал за БиХ против Италија. Тоа беше неговиот 14-ти настап за репрезентацијата на Босна и Херцеговина, а досега постигна два гола. Што се однесува до ПСВ, тој досега има 36 настапи за нив со пет гола и две асистенции. Есмир Бајрактаревиќ Иван Перишиќ БиХ фудбал Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On

Go to News Site