Collector
Јамал ​​за антимуслиманските скандирања на Шпанија - Египет: Неподносливо непочитување... се гледаме на Светско | Collector
Јамал ​​за антимуслиманските скандирања на Шпанија - Египет: Неподносливо непочитување... се гледаме на Светско
Kajgana

Јамал ​​за антимуслиманските скандирања на Шпанија - Египет: Неподносливо непочитување... се гледаме на Светско

Јамал ​​за антимуслиманските скандирања на Шпанија - Египет: Неподносливо непочитување... се гледаме на Светско Филип Здравески 02.04.2026 / 16:23 Фудбал Пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Шпанија и Египет помина, но двете земји сè уште зборуваат за настаните на почетокот на првото и второто полувреме од мечот одигран во Каталонија, кога дел од публиката им се потсмеваше на припадниците на исламската вероисповед. Извикуваа „кој не скока е муслиман“, што особено го погоди Ламин Јамал. Јамал е роден во Каталонија од татко Мароканец и мајка од Екваторска Гвинеја, двајцата муслимани. Неговата згрозеност, вознемиреност и тага од скандирањата не можеа да се сокријат. Затоа сите чекаа да чујат што има да каже 18-годишната ѕвезда на Барселона, и добија реакција. „Јас сум муслиман, фала му на Алах. Вчера на стадионот се слушаше скандирање „кој не скока е муслиман“. Знам дека беше насочено кон противничкиот тим, а не против мене лично, но како муслиман, го сметам тоа за непочитување и неподносливо.“ Натпреварот се играше на стадионот „Корнеља-Ел Прат“, дом на Еспањол, прошпански клуб од Барселона. „Разбирам дека не се сите навивачи такви, но на оние што скандираат вакви работи, им велам: користењето на религијата како шега на стадион ги прави да изгледаат неуки и расисти. Фудбалот е уживање и навивање за него, а не непочитување на луѓето за тоа кои се или во што веруваат. Благодариме до сите што дојдоа да нè поддржат, се гледаме на Светското првенство“, рече Јамал ​​за ексцесите што се предмет на истрага од локалната полиција, како и од ФИФА. Lamine Yamal statement. “? ?? ??????, ?????????????. Yesterday in the stadium, the chant “the one who doesn’t boo is Muslim” was heard. I know it was aimed at the rival team and it wasn’t something against me — but as a Muslim, it doesn’t stop being a… pic.twitter.com/xsWOpKuJ8V — Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 1, 2026 Ламин Јамал Шпанија фудбал Египет фудбал Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On

Go to News Site