Kurir
Израелската армија соопшти дека неделава убила уште еден висок ирански командант при напад во Техеран. Во соопштението од израелската армија се наведува дека е убиен „командант на штабот одговорен за нафтените работи за силите на иранскиот терористички режим“, Џамшид Ешаги. Ешаги бил одговорен и за обезбедување финансиски средства за сојузниците на Иран во регионот, меѓу кои либанската милиција Хезболах и Хутите во Јемен. Ешаги беше на листата за санкции на Министерството за финансии на САД и е дефиниран како „глобален терорист“. (МИА)
Go to News Site