Collector
Денеска е Свети Јаков, епископ и Исповедник | Collector
Денеска е Свети Јаков, епископ и Исповедник
Kurir

Денеска е Свети Јаков, епископ и Исповедник

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 март. Свети Јаков, епископ и Исповедник Не се знае ни местото на неговото раѓање ни местото на неговото епископство. Се знае само дека ги исполнил Христовите заповеди, подвизувајќи се многу во пост и во молитва и дека во времето на Копроним претрпел големи беди од иконоборците: глад, затвор и секакво подбивање. Најпосле Му ја предал својата света душа на Бога, Кому верно Му послужил во овој живот. Живеел и страдал во 7 век. Тропар Пример за подвижништво меѓу епископите, молитвенику кој Бога непрестајно Го призиваше, исповеднику на вистинската вера во Господа, Јакове свети исповедниче, маките и страдањата твојата душа ја прекалија, и до небесните дворови ја донесоа, моли се, свет пастиру, со Бога помирени да бидеме по твоите свети молитви. Преподобен Кирил, епископ Катански во Сицилија Родум од Антиохија и ученик на апостолот Петар. Добро управуваше со Христовото стадо. Имаше и дар на чудотворство преку молитвата. Така еднаш претвори горчлива вода во питка, бидејќи беше суша и наоколу немаше друга за пиење. Мирно се упокои. Тропар Од горката заблуда на незнаењето, првоврховниот Апостол те приведе во познание на сладоста во Христовото учење, о Кириле, епископе свети, мирно пасејќи го стадото Божјо, мноштво чудеса сотвори благодатта која те крепеше. Затоа од небесните дворови моли се да се спасат нашите души.

Go to News Site