Kajgana
Милијарди на теренот: Која е најскапата репрезентација на СП 2026? Александра Спасеска 03.04.2026 / 11:17 Фудбал Вкупно 48 фудбалски репрезентации се квалификуваа за годинешното Светско првенство, кое за прв пат се одржува во три земји, САД, Канада и Мексико. Светското првенство ќе се игра од 11 јуни, а финалето е на 19 јули. По овој повод, Transfermarkt ја објави вредноста на сите селекции учеснички. На врвот на листата е Англија, чија вредност се проценува на 1,62 милијарди, по неа следуваат Франција со 1,36 милијарди и Шпанија со 1,31 милијарда евра. Хрватска е 12-та на таа листа, а вредноста на „огнените“ е 282 милиони евра. Според овие податоци, Босна и Херцеговина вреди 127 милиони евра и е на последното 16-то место кога станува збор за учесници кои доаѓаат од Европа. Кога станува збор за тимови од Јужна Америка, Бразил вреди 779 милиони, по што следува Аргентина, која вреди 761 милион евра. Во Африка, Сенегал ја предводи листата и вреди 474 милиони евра, по што следуваат Мароко со 456 и Брегот на Слоновата Коска со 426 милиони евра. Од Азија и Океанија, највредна е Јапонија, по што следува Јужна Кореја. Конечно, од Северна и Централна Америка, највредна селекција е САД со 357 милиони евра, по што следуваат Мексико со 166 и Канада со 130 милиони евра. View this post on Instagram A post shared by Transfermarkt (@transfermarkt_official) СП 2026 Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On
Go to News Site