Kurir
Во денешните ирански напади врз Обединети Арапски Емирати, Јордан и Кувајт повредени се вкупно 14 луѓе. Во Абу Даи повредени се 12 лица во подрачјето на Аџбана. Повредените се државјани на Непал и на Индија. Во ОАЕ не работи гасоводот Хабшан откако врз него паднале остатоци од иранските проектили. Армијата на ОАЕ соопшти дека денеска пресретнала вкупно 18 балистички ракети, четири крстосувачки ракети и 47 дронови. Во Јордан повредени се две лица откако армијата собори два ирански проектила. Во иранскиот напад врз Кувајт погодени и оштетени се постројките за десалинизација во Кувајт. И Бахреин и Саудиска Арабија соопштија дека собориле ирански беспилотни летала. (МИА)
Go to News Site