Kurir
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандес, е прогласен за играч на месецот во Премиер лигата за март. Капитенот на Јунјатед постигна два гола и додаде четири асистенции во четири мартовски натпревари, помагајќи му на својот тим да освојат седум бодови изминатиот месец. За Португалецот Фернандеш ова е шеста награда играч на месецот во Премиер лигата, со што се израмни со сонародникот, Кристијано Роналдо, и легендата на Ливерпул, Стивен Џерард. Една награда повеќе имаат Серхио Агуеро, Хари Кејн и Мохамед Салах. (МИА)
Go to News Site