Kajgana
Млад човек активира експлозив во воз во Германија, 12 повредени Филип Здравески 04.04.2026 / 09:47 Свет Маж активирал експлозивна направа во воз во близина на Бон во четвртокот навечер и им се заканувал на патниците со нож. Канцеларијата на државниот обвинител не ја исклучува можноста за политички мотив за делото, со оглед на тоа што е познато дека осомничениот е член на крајно десничарската сцена. „Покрената е истрага против осомничениот под сомнение за повеќекратен обид за убиство, обид за телесна повреда и прекршување на законот за експлозивни направи“, објави канцеларијата на државниот обвинител во Диселдорф. 20-годишен германски државјанин е обвинет за активирање на непозната пиротехничка направа во брз воз помеѓу Ахен и Франкфурт во четвртокот навечер, при што беа повредени 12 патници. Според медиумските извештаи, осомничениот се заканил дека ќе ги убие патниците со нож. Неколку патници го совладале напаѓачот и го заклучиле во тоалет сè додека полицијата не влегла во возот на станицата Зигбург/Бон. Обвинителството, исто така, укажува на можен политички мотив за нападот, со оглед на тоа што осомничениот е познат на полицијата како член на екстремната десница. Постојат и индикации дека осомничениот страда од ментална болест. Германија Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On
Go to News Site