Kajgana
Магична игра на тинејџерот од Далас: Купер Флег со 51 поен сруши НБА рекорд НБА 2025/2026 Филип Здравески 04.04.2026 / 10:31 Кошарка Крилниот играч на Далас Маверикс, Купер Флег, влезе во историјата на НБА станувајќи најмладиот играч кој постигнал 50 или повеќе поени во еден натпревар. Флаг постигна 51 поен во поразот од Орландо Меџик, соборувајќи го рекордот што претходно го држеа Брендон Џенингс и Леброн Џејмс. Еден од најперспективните млади играчи во лигата го имаше својот историски момент кон крајот на четвртата четвртина. На 2 минути и 5 секунди до крајот на натпреварот погоди шут што го однесе над границата од 50 поени. 51 POINTS FOR COOPER FLAGG. FIRST TEENAGER TO SCORE 50 IN AN NBA GAME pic.twitter.com/kaZiyOTczI — NBA (@NBA) April 4, 2026 Флег, со само 19 години и 103 дена, ги надмина претходните носители на рекордот Џенингс (20 години и 52 дена) и Џејмс (20 години и 80 дена). Неговиот одличен настап не беше доволен за победа, бидејќи Меџик славеа со 138:127, а Флег го заврши натпреварот со 51 поен, 6 скока и 3 асистенции. Индивидуалната статистика на Флаг е импресивна, но Маверикс минуваат низ тешка сезона и со пет натпревари до крајот на регуларната сезона имаат сооднос од 24 победи и 53 порази. Remote video URL Купер Флег Далас Маверикс НБА Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site