Kajgana
Поради силен ветер жичницата на Водно денеска не работи Филип Здравески 04.04.2026 / 12:09 Македонија Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги известува своите корисници дека денеска (сабота, 4 април) жичницата на Водно нема да продолжи со работа поради засилен ветер. Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, соопшти ЈСП. ЈСП Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро Off
Go to News Site