Kurir
Најпрвин ќе ми дозволите да честитам за зголемувањето на капацитетот на овој наставно образовен објект позади мене, ова основно училиште, проект којшто ќе значи многу за Општина Илинден, рече во своето обраќање претседателот на владата, Христијан Мицкоски. Да му честитам на градоначалникот, на министерката за образование, на советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Илинден бидејќи Општина Илинден се трансформира, се гради и тоа е добро, одлично бидејќи како што кажа и градоначалникот во неговата изјава најголемите комплименти доаѓаат од поддршката којашто ја добива неговата работа и работата на неговиот тим од страна на граѓаните. Да се заблагодарам и на пратеничката којашто доаѓа од Општина Илинден којашто се бори за секој еден проект повеќе за Општина Илинден. Така што кога ќе се изанализира се тогаш доаѓаме до резултат којшто е успех и јас би сакал уште многу вакви успеси во периодот којшто следи да ни се случуваат. Благодарност и до граѓаните на Општина Илинден што ја поддржуваат во континуитет работата на Владата, а ние како Влада ќе продолжиме да реализираме проекти на целата територија на Македонија, истакна Мицкоски. Нека ни е напомош денешниот ден и уште многу вакви проекти да ни се реализираат, додаде Мицкоски.
Go to News Site