Kajgana
Иран нуди 60.000 долари за пронаоѓање на исчезнатиот американски пилот Филип Здравески 04.04.2026 / 13:14 Свет Иран објави дека нуди награда од 60.000 долари за пронаоѓање на американскиот пилот кој исчезна по падот на борбениот авион F-15, јавува Sky News. Еден од пилотите е спасен, додека за другиот сѐ уште се трага. „Ова покажува колку е ризично водењето воздушна војна во размерите на кои дејствуваат израелските и американските сили“, изјави дописничката на Sky News, Дајен Магнеи. Таа додаде дека и Техеран и Вашингтон се обидуваат да стапат во контакт со исчезнатиот пилот. Локалните власти, според неа, понудиле и парична награда. „Се нудат 60.000 долари за тој пилот доколку биде предаден жив на полицијата“, објасни Магнеи. Магнеи исто така посочи дека американските специјални сили се на терен и брзо го пронашле првиот пилот, додавајќи дека станува збор за „многу ризична операција“. САД Иран Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off
Go to News Site