Collector
Хакими: Не уживав во фудбалот додека Меси играше во ПСЖ | Collector
Хакими: Не уживав во фудбалот додека Меси играше во ПСЖ
Kajgana

Хакими: Не уживав во фудбалот додека Меси играше во ПСЖ

Хакими: Не уживав во фудбалот додека Меси играше во ПСЖ Филип Здравески 04.04.2026 / 13:36 Фудбал Мароканскиот фудбалер Ашраф Хакими призна дека периодот поминат во соблекувалната со Лионел Меси во Пари Сен-Жермен не му останал во добро сеќавање. Тој истакна дека не му се допаѓал начинот на кој клубот се однесувал кон Меси, бидејќи неговото доаѓање во голема мера го променило концептот на тимот. Со доаѓањето на Меси, целиот проект на Пари Сен-Жермен се промени, а со тоа и начинот на кој играше тимот. Моравме да се прилагодиме на различен стил на игра и не уживав во тоа“, рече Хакими. Затоа, како што изјави, во одредени моменти имал впечаток дека има споредна улога во ПСЖ. „Не можев да ги правам работите што најмногу ги сакам на теренот, како што е учеството во нападот и чувството дека сум важен за тимот. Ми се чинеше дека сум во позадина. Се сеќавам дека тогаш често размислував за репрезентацијата, каде што сите ме гледаат како еден од клучните играчи“, објасни мароканскиот фудбалер. Додека Меси го носеше дресот на ПСЖ, во тимот играа и Нејмар и Килјан Мбапе, но и покрај големиот број ѕвезди, клубот од француската престолнина не успеа да ја исполни својата најголема цел, да дојде до пехарот во Лигата на шампионите. Конечно ја освои лани откако сите тие си заминаа. Ашраф Хакими Лео Меси ПСЖ Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off

Go to News Site