Kajgana
Што јадат астронаутите на мисијата Artemis II додека летаат околу Месечината? Филип Здравески 04.04.2026 / 13:55 Вести Астронаутите на мисијата Artemis II ќе имаат богато и внимателно планирано мени од 189 различни јадења, прилагодено на нивните вкусови, нутритивните потреби и ограничувањата на вселенскиот брод, објави НАСА. На менито се најде сè, од зеленчук киш, брокула а’ла гратен и макарони со кашкавал, до манго салата и брускет од говедско месо. Исто така ќе имаат 58 тортиљи, кои се практични за јадење во микрогравитација и создаваат многу помалку трошки. За појадок астронаутите можат да бираат меѓу пржени јајца, колбас, пченично лепче, гранола со боровинки и зеленчук киш. Главните јадења вклучуваат брускет од говедско месо, брокула а’ла гратен, макарони со кашкавал и зачинети зелени гравчиња. Плодови и зеленчук не недостасуваат – на менито се манго салата, тропска овошна салата, тиква и карфиол. Секој астронаут ќе има три оброци дневно, освен на деновите на лансирање и враќање. Ќе можат да изберат два ароматизирани пијалаци дневно, вклучително и кафе – за целата мисија од 10 дена се планирани 43 шолји кафе. Други опции се смути од манго и праска, чоколадни утрински пијалаци и какао. "We can see the Moon out of the docking hatch right now. It's a beautiful sight." Flight day 3 is in the books, and our @NASAArtemis II crew is now closer to the Moon than to Earth. Check out highlights from our lunar mission. What’s been your favorite moment so far? pic.twitter.com/mIF343JyX3 — NASA (@NASA) April 4, 2026 Десертите се различни: од пудинг, колачи и торти до бадеми со чоколадна глазура, но најчесто се колачиња и чоколадо. Оброците можат да се дополнат со 5 видови лут сос, како и со сируп од клен, лут сенф, путер од кикиритки или мед. НАСА обезбедила компактна машина за загревање храна и диспенсер за вода, за да можат астронаутите лесно да ги подготват оброците во микрогравитација. Во изборот на менито учествувале „експерти за вселенска храна“ заедно со екипажот, при што се земени предвид калориските потреби, нутритивната вредност и личните вкусови на астронаутите. „Познатата храна има важна улога за моралот и прифаќањето на менито за време на мисијата“, истакна Викториа Сеговиа од НАСА. Artemis 2 НАСА Прикажи во метро On
Go to News Site